Основачот на Амазон-Џеф Безос тежи 150 милијарди долари - Bits of insurance

Основачот на Амазон-Џеф Безос тежи 150 милијарди долари

amazon

Џеф Безос основачот на гигантот во трговијата Амазон стана најбогатиот човек на светот со своето богатство од 150 милијарди долари во поновата историја.

Оваа позиција ја имаше и Бил Гејтс кој “тежел” 149 милијарди долари во 1999 година. Неговото богатство би било над ова на Џеф Безос доколку не беа неговите донации преку своја фондација. Имено тој има донирано речиси 700 милиони акции на “Microsoft” и  2.9 милијарди долари во готовина во 1996 година.

Акциите на Амазон се зголемија за 60 проценти оваа година. Доколку продолжи ваквиот раст на Амазон до крајот на годинава се очекува богатството на Безос да достигне 175 милијарди долари.