Доларот расте, во САД инфлацијата со раст - Bits of insurance

Доларот расте, во САД инфлацијата со раст

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте светски валути, минатата недела се зголеми за 0,8 проценти, односно на 94,74 поени, што е највисоко ниво во последните две недели, доколку доларот продолжи да расте има шанси да се врати на највисокиот свој индекс од почетокот на 2017 година кога тој изнесуваше 103,4 поени.

На меѓународните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути минатата недела се зголеми значително, бидејќи САД ги зајакнаа инфлациските притисоци, па повторно заживеаја шпекулациите дека Банката на федерални резерви до крајот на годината може да ги зголеми каматните стапки уште двапати.

Цената на американската валута, исто така, скокна за 1,7{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на јапонскиот јен, на 112,35 јени. Доларот, исто така, зајакна и во однос на европската валута, па стапката на еврото се намали за 0,5 отсто на 1,1685 долари.