{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Кеш максимум до 2.000 евра

Со новиот закон за спречување перење на пари, граѓаните ќе можат да примаат и исплаќаат кеш во вредност од 2.000 евра во денарска противредност. Пред измените во законот сумата која можеше да се прими или исплати беше 15.000 евра, што претставува големо намалување.

Ви го пренесуваме членот од законот во целост.

Забрани
Член 48

(1) Се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани
трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
(2) Субјектите што со закон се овластени за регистрација на хартии од вредност, друг имот или правни работи, или за пријавување или вршење на пренос на пари, хартии од вредност или друг имот, можат да извршат таква регистрација или пренос само ако клиентот поднесе доказ дека преносот на парите над износот од ставот (1) на овој член е извршен преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.
(3) Забраната од ставот (1) на овој член не се однесува на приредувачите на игри на среќа.

 

Наредната година, дополнително ќе се зголемат контролите на плаќања и исплаќања и износот ќе се намали на 1.000 евра, а додека во 2019 година износот ќе се намали на 500 евра. Забраната се однесува за плаќања кои ги прават физички и правни лица.

Има промени и за брокерските куќи и банките во прилог ви го пренесуваме целиот член.

Брокерски куќи и банки со дозвола за работа со хартии од вредност
Член 47

(1) Брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност се должни да водат нумериран регистар за тргувањето на хартии од вредност чиј вкупен износ е поголем од 15.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната Службен весник на РМ, бр. 120 од 29.6.2018 година 26 од 75 банка на Република Македонија, потпишан од овластеното лице или друго лице со овластување да го потпишува регистарот дадено од раководно лице согласно со актите на брокерските куќи и банките со дозвола за работа со хартии од вредност.
(2) Министерот за финансии на предлог на директорот на Управата ги пропишува формата и содржината на нумерираниот регистар од ставот (1) на овој член.

 

Останатите членови од законот може да ги погледнете тука.