{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Четиригодишно дете со сколиоза не добило корсет бидејќи мајката немала осигурување во континуитет од 6 месеци

fzom-logo

Четиригодишно дете со сколиоза не можелo да добие бесплатен корсет од Фондот за здравство (ФЗОМ), бидејќи неговата мајка немала здравствено осигурување во континуитет од 6 месеци. Во април 2017, со дијагностички извештај на специјалист на детето му е препишано веднаш да носи корсет поради сколиозата и проблеми со отежнато дишење. Но барањето на родителите до ФЗОМ се одбвива, бидејќи мајката нема 6 месеци во континуитет осигурување. И покрај преставката на Народниот правобранител, родителите морале да чекаат до ноември за детето да го добие бесплатно корсетот и покрај дијагностицираната тешка здравстена состојба.

Не може лице со витално загрозувачка дијагноза да остане незаштитено или на деца да им се ограничува пристапот до ортопедски помагала оти родителите немаат здравствено осигурување во континуитет од 6 месеци“, вели заменик-Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа (Фото: СДК.МК)
Не може лице со витално загрозувачка дијагноза да остане незаштитено или на деца да им се ограничува пристапот до ортопедски помагала оти родителите немаат здравствено осигурување во континуитет од 6 месеци“, вели заменик-Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа (Фото: СДК.МК)

„Ние укажувавме во овој случај дека според дијагностички извештај на специјалист детото мора да го носи корсетот веднаш, во меѓувреме има проблеми со отежнато диштење, слична дијагноза како што имаше малата Тамара. Но, надлежните органи ги занемаруваат останатите акти на кои ние укажуваме, како Конвецијата за правата на детето и Конвенцијата за лицата со попреченост кои ние ги имаме ратификувано во 2011 година, каде стои дека државата е обврзана да му гарантира на детето највисоко ниво на здравствевна заштита и без разлика кој орган или институциија постапува треба да се раководи од најдобруиот интерес на детето“, вели заменик-Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

И оваа година Народниот правобранител има преставка до Фондот за здравстевно осигурување за сличен случај. Петгодишно дете со посебни потреби и оштетен слух од 90 отсто не можел да добие апаратче за слушање бидејќи неговите родители немаат здравствено осигурување.

„На детето му се вградени импланти и секој месец треба да добива батерии за слушниот апарат за да може да комуницира и да му се развие говорот. Станува збор за детенце од 5 години, кое дури сега треба да почне да зборува како бебенце. Одговорот е дека мајката нема здравстевно осигурување и затоа не ќе може да го оствари ова право“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Друг случај за кој имал преставка Народниот правобранител е за лице кое имало мозочен удар, но кога отворило боледување не му следувало паричен надомест од Фондот оти немал 6 месеци здравствено осигурување во континуитет.

„Побаравме од Фондот за зравство и Министерството за здравство при измените на Законот за здравствено осигурување кои се прават во моментот да се регулираат овие прашања. Не може лице со витално загрозувачка дијагноза да остане незаштитено или на деца да им се органичува пристапот до ортопедски помагала“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Превземено од сдк.