Македонска берза со зголемен промет - Bits of insurance

Македонска берза со зголемен промет

Berza

Во претходниот месец на Македонската берза променот достигна 976.628.164 денари, што е зголемување за 13,44 проценти во однос на месец мај, покажa билтенот на Македонската берза.

Во класичното тргување остварениот промет изнесува 772.230.430 денари, што е зголемување за 85,37 проценти.

Блок трансакциите за минатиот месец изнесуваа 201.223.233 денари, што е намалување за 54,72 проценти во однос на мај.

Иако се случија неколку големи блок трансакции сепак тоа не беше доволно.

Бројот на трансакции за претходниот месец изнесува 3.197, што е зголемување за 39,06 проценти.

Билтенот може да го погледнете тука.