{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sitename{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Интервју со Надица Јовановска Бошковска- Раководител на претставништвото на Европа Ре во Македонија

Nadica_Jovanovska_Boshkovska

Bits of insurance стапи во контакт со Надица Јовановска Бошковска, раководител на претставништвото на Европа Ре во Македонија, со неа разговаравме општо за компанијата, за осигурувањето во земјоделието и побаравме совети за земјоделците. Прочитајте го целото интервју.

Nadica_Jovanovska_Boshkovska

  • Европа Ре е единствената реосигурителна компанија која има претставништво во Македонија, од кога постои преставништвото, какви полиси реосигурувате и дали може да ни кажете кои осигурителни компании се реосигуруваат кај вас односно со кои компании соработувате.

НЈБ: Токму така, Европа Ре е единствена реосигурителна компанија со претставништво во Р. Македонија. Инаку е Швајцарска реосигурителна компанија која нуди реосигурително покритие од катастрофални ризици, Веб базирана платформа за превземање на ризик, Иновативно управување со штети и Јавен портал за информирање на корисниците за катастрофалните ризици (CATMonitor – www.catmonitor.com).

Компанијата е основана од Владите на Р. Македонија, Р. Србија и Р. Албанија – кои се водат како главни земји членки. Функционираме како јавно- приватно партнерство раководено од професионален менаџерски тим со меѓународно искуство во областа. Европа РЕ работи согласно Швајцарските стандарди за осигурување и реосигурување. Работата на компанијата е поддржана од Светската Банка, Европската Унија,  Швајцарскиот секретаријат за економски работи и Глобалниот фонд за животна средина.

На македонскиот пазар започнавме со работа во 2014 година на што претходеше Проектот за осигурување од ризици од катастрофи во Југоисточна Европа финансиран од претходно споменатите поддржувачи и чија основна цел беше подобрување на многу ниската застапеност на осигурување од катастрофи и временски непогоди во југоисточна Европа.

Токму одовде целта на Европа Ре е зголемување на нивото на осигурување од катастрофални непогоди во регионот преку понуда на иновативни производи преку локалните осигурителни партнери, едукација на корисниците за изложеноста на нивните имоти и бизниси на катастрофалните ризици, и обезбедување на помош и поддршка на владите и регулаторните тела во насока на донесување на реуглаторни и политички реформи погодни за развој на сегментот од осигурителниот пазар- заштита од ризици од катастрофални непогоди. Бизнис моделот на Европа Ре е изграден да обезбеди долгорочна финансиска одржливост.

Моментално имаме склучено договор за соработка со 4 осигурителни компании на македонскиот пазар: Кроација Осигурување неживот, АД Осигурителна Полиса, Евроинс Осигурување и Албсиг (Нова Осигурување) на кои им нудиме иновативни производи за ризик земјотрес и индексирано земјоделско осигурително покритие.

  • Кои осигурителни полиси ги прифакате за осигурување во земјоделието, или има посебни култури кои ги реосигурувате.

НЈБ: Во рамки на Индексираното осигурување на остварени приноси од посеви земјоделците и земјоделските стопанства имаат можност да ги осигураат пченицата, пченката, сончогледот, јачменот и винското грозје.

  • Дали може да ни кажете нешто повеќе за Cat монитор, што можат да искористат граѓаните од таа услуга.

НЈБ: CATMonitor е бесплатна веб-платформа за градење на свест и следење на ризици од катастрофи. Целта на CATMonitor е да им овозможи на сопствениците на домови, фирмите и владините агенции да ги визуализираат, да работат со и да придонесат кон подобро разбирање и мерење на ризиците на нивните домови, фирми, владини објекти и заедници.

CATMonitor лесно се користи за добивање на информации (историски или во речиси реално време) за опасност од земјотрес и поплава за одреден имот, без оглед дали се работи за дом или деловни простории на клиентот.

Важен дел на работата на Европа Ре е едукација на потрошувачите за ризици од катастрофи. Оваа едукација се нуди токму преки веб-страница наречена CATMonitor.

Платфомрата нуди: проценка на ризик од земјотрес и поплава за вашиот дом или деловен објект, процена на вашите потреби од осигурување од катастрофи за вашиот дом, според местоположбата, староста и видот на градба на вашиот имот, претплата на вести во случај на катастрофа, пристап до алатка за учење за опасностите во вашето подрачје преку визуелизација на податоците за опасностите, можност за известување и сознавање за безбедноста и сеизмичката издржливост на училиштата и болниците во вашата заедница итн. Навистина корисна и едукативна алатка која ја препорачувам да се посети. Прилично едноставна за пристап, само ви е потребна вашата email адреса. Корисниците може да се најават и преку нивните кориснички профили од друштвените медиуми (на пр. Facebook).

  • Да им помогнеме на земјоделците со совет, кои култури кога треба да се осигураат, кои се условите на осигурување, што покрива осигурувањето и кога се исплаќаат штетите. 

НЈБ: Индексираното осигурување на остварените приноси од посеви е земјоделско осигурување кое нуди заштита од сите климатски, природни и биолошки опасности кои може да влијаат врз намалување на приносите кај земјоделските стопанства.

Со овој производ земјоделецот ги осигурува очекуваните приноси во општината во која припаѓа (индексирана општина), во однос на три годишниот просечен принос остварен на ниво на општината врз основа на податоците обработени и објавени од страна на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија.

Земјоделското стопанство може да купи осигурување кое ќе обезбеди покритие од 50{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} до 80{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} во однос на очекуваниот просечен принос на општината. Исто така, земјоделското стопанство треба да достави информација колку хектари под насадот осигурува кои заедно со осигурениот принос и производствените трошоци по килограм за културата ја даваат осигурената сума. Овој земјоделски осигурителен производ нуди покритие за: пролетната пченка, винското грозје, есенска пченица, јачмен сончоглед. Периодот на покритие за овој производ е специфициран за секоја култура поединечно, на тој начин што се покрива целиот период на обработка на културата од започнување на сеидба/кроење па се до крајот на бербата/жетва.

Култура Период на покритие Период на издавање на полиса
Пченка март- октомври од 01.03 до 15.04
Винско грозје февруари – октомври од 15.02.до 31.03
Пченица октомври- јули од 1.10. до 15.11
Јачмен октомври – јули од 01.10. до 15.11
Сончоглед март – октомври Од 01.03 до 15.04

На земјоделецот му следува исплата на штета доколку остварениот принос во тековната година е помал од три годишниот просечен принос во индексираната општина во зависност од избраното покритие.

Напомена: Не се врши теренска проценка на загубите кај земјоделците. Загубите се мерат како разлика од остварените приноси во тековната година во однос на тригодишниот просечните приноси во индексираната општина, а не врз основа на реалните загуби на секој од осигурените земјоделци.

Исплатата се врши во рок од 14 дена од денот на објавата на ДЗС на остварениот принос во тековната година во општината. ДЗС има обврска податоците за тековната година да ги објави до крајот на  месец декември од тековната година.

  • За крај дали ќе може да ни го објасните целиот процес кој треба да го помене земјоделецот за да ја осигурува својата површина, на што треба да внимава.

НЈБ: Процесот е многу едноставен и всушност осигурителната компанија е таа која внимава целиот процес да биде едноставно завршен. Агентите ги посетуваат регионите каде има најмногу посеви со културите претходно споменати. Таму разговара со земјоделците и земјоделслките стопанства и врши презентација на производот. Таа се грижи навремено да ги информира земјоделците за периодот кога можат да го осигураат својот посев, но како што претходно наведов она на што најмногу треба да се внимава е да се осигураат културите во период на сеидба бидејќи потоа културата влегува во една т.н. фаза на покритие кога неможе да се издадат полиси. Фазата на покритие е всушност фазата кога може одреден ризик да влијае на приносот. Земјоделецот за да се осигура треба да приложи Решение за посевот кое го издава МЗШВ, или имотен лист, или договор за работа на површината – валиден документ кој правно ќе потврди дека имотот кој се обаботува е во негова сопственост или има дозвола да го обработува.

Доколку земјоделецот сака да аплицира за субвенции за осигурување, откако полисата ќе биде издадена од страна на осигурителната компанија тој заедно со Барање ја доставува до најблиската подрачна единица на МЗШВ со цел да му бидат покриени 60{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од износот на премијата од страна на АФПЗРР, а го исплаќа према осигурителната компанија останатиот износ од 40{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} од премијата.