{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}title{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}sep{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0}

Пензионерите се залагаат за подобрување на пензиско инвалидското осигурување

пензиоенри

Пензионерите се обединија во синдикат, целта е подобар социјален статус на оваа категорија на граѓани и да бидат вклучен во реформите на пензискиот систем.

пензиоенри

Раководството најави дека ќе се залага за подобрување на стандардот на пензионерите, за стабилен пензиски систем и за утврдување на минимална пензија по примерот на минималната плата.

– Ќе се бориме за подобрување на стандарот на сите пензионери, особено на социјално загрозените пензионери. Ако постои минимална плата, зошто да не постои минимална пензија. Целта е подобрување на економскиот стандард на пензионерите, подобрување на пензиско инвалидското осигурување. Ќе настојуваме и што поголем број пензионери да имаат пристап до здравствено осигурување, изјави новоизбраниот претседател на синдикатот Маријан Спасовски.

Во однос на тоа колку би изнесувала висината на минималната пензија, Спасовски рече дека прво треба да се направат анализи по што ќе ја информираат јавноста.

Синдикатот на пензионерите ќе функционира во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати од каде истакнуваат дека формирањето на вакви синдикати е пракса во сите европски држави и во регионот.