Дентално осигурвање базирано на IoT - Bits of insurance

Дентално осигурвање базирано на IoT

m9M3P

Beam Dental започна да работи како старт уп во 2012 година со продавање на еден единствен производ – четки за заби кои се поврзани со Bluetooth кој ги собира податоците за време на миење на забите и потоа даваат повратна информација на мобилниот уред. Непосредно по почетокот со работа, почнаа да нудат и осигруување, тоа го правеа со компанијата National Guardian Life. Податоците собрани при четкање на забите се клучни во формирање на премијата за осигурување и за постигнување ниска стапка на штета.

Денес Beam осигурување е достапно во 16 американски држави, а по последните инвестиции од 22.5 милиони долари планот е да се удвојат до крајот на годината.

m9M3P

Alex Frommeryer – CEO на Beam Dental нагласи дека постои голема придобивка од четките за заби, но признава дека и забавата има голем фактор во нивната употреба.

Frommeyer е изненаден од тоа што повеќе од 100 милиони Американци немаат пристап за добро дентално осигурување.

Според него компанијата има и други идеи на кои би работела, но за сега примарна цел на компанијата е да се развијат во што поголем број на држави.