Владимир Путин е осигурителот на Светското првенство во фудбал - Bits of insurance

Владимир Путин е осигурителот на Светското првенство во фудбал

putin

Претседателот на Русија Владимир Путин ги натерал хулиганите да потпишат “заклетва” дека ќе ги поштедат странските навивачи за време на Светското првенство во фудбал. 

Член на една од најголемите руски навивачки групи, откри дека хулиганите морале да ветат дека нема да бидат вмешани во насилство, објавија британските медиуми.

– Ги предупредија сите кои може нешто да организираат. Од хулиганите земаа изјави и бараа ветување дека не планираат да организираат или прават било какви проблеми на Мундијалот. Сериозна работа е завршена. Знам луѓе кои ги потпишаа овие документи – изјави во разговорот рускиот извор за британскиот весник “Мирор”.

Во продолжение може да го изгледате овој документарец за руските навивачи и нивните физички подготовки.