Вареш доби нова шанса за живот - Bits of insurance

Вареш доби нова шанса за живот

vares

Австралиската берза “полуде” претходната недела, од растот на компанијата Adriatic Metals откако оваа компанија најави дека открила нови наоѓалишта на злато, сребро и основни метали во централна Босна, поточно во Вареш.

Како што беше најавено од австралиските медиуми, вредноста на акциите на компанијата двојно се зголеми по објавувањето за откривањето во Вареш. Инаку, компанијата Adriatic Metals  поседува концесија за истражување и експлоатација на минерални суровини и руди на територија на Вареш, чија вредност сега е зголемена за неколку пати по спектакуларното откритие.

За вредноста на ова откритие најдобро зборува податокот за растот на акции на Adriatic Metals на берзата ASX и тоа веднаш по најавата дека на длабочина од десетина метри на тест бунарите се извадени примероци од кои компанијата ги опишува како “коктел на високо-квалитетни минерали.” Поконкретно, на еден тон ископан материјал имало содржи 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 7,7 {575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} олово, 10,8{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} цинк, 46{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} барит и 0,9{575989f8a8091d4d5e8e3b0412d0c63422c45ccab7e79d73fb167804c66881e0} бакар.

Ова значи дека Adriatic Metals само што пронајде огромно богатство близу до површината на земјата во скоро пропаднатиот град во БХ.