Прв ФинХакатон на Министерство за финансии - Bits of insurance

Прв ФинХакатон на Министерство за финансии

FInHakaton

Министерството за финансии на Република Македонија во соработка со Фондот за иновации за првпат организира ФинХакатон. Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат јавните финансии до граѓаните.

Крајниот производ се алатки креирани од граѓаните за граѓаните.

FInHakaton

Настанот ќе опфати креација на три софтверски и мултимедијални решенија – веб-апликација, видео и видеоигра. Овој процес покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите.

МФ во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе овозможи искористување на наградниот фонд од 1,5 милиони денари за реализација и финализација на победничките решенија по завршувањето на ФинХакатонот. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија. Менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи.

На настанот може да се пријави секој што има пасија да работи на овие проекти користејќи отворени податоци. Во секој тим потребни се членови со предзнаења во делот на развој на веб-апликации, дизајн, хардвер, софтвер, економија, бизнис и маркетинг, мулитмедија. Може да се пријави секое лице државјанин на РМ со наполнети 18 години, поединци или тимови.

Натпреварот ќе се одржи од 6 до 8 јули 2018 година во просториите на  Министерството за финансии. За таа цел натпреварувачите ќе треба да бидат присутни 48 часа во Министерството. Пријавувањето на поединците или тимовите ќе трае до 30 јуни 2018 год., регистрацијата ќе се одвива на следниот линк http://hackaton.finance.gov.mk/ или со кликнување на полето „Регистрирај се!“ на инфографикот овде.