НБРМ: Промена на супервизијата, полимерни банкноти и монета-дводенарка - Bits of insurance

НБРМ: Промена на супервизијата, полимерни банкноти и монета-дводенарка

MK_NBRM

Од 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Советот на НБРМ донесе и Одлука согласно со која почнувајќи од 15 април годинава ќе бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од 2 денари.

НБРМ донесе одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Со донесувањето на оваа одлука се овозможува натамошно унапредување на начинот на кој НБРМ врши супервизија на деловните банки во Македонија и надзор на работењето на лица поврзани со деловна банка, на други лица во банкарска група и на друштво за помошни банкарски услуги. Истовремено, со Одлуката се врши приближување на супервизорската практика на Народната банка до практиката којашто се применува од страна на Европската централна банка и од страна на националните супервизорски органи од Европската Унија коишто се членки на единствениот супервизорски механизам.